
Социјалните медиуми често се полни со трендови кои би можеле да бидат штетни за вашето здравје.
Виралниот тренд на TikTok во кој девојките користат перманентен маркер како замена за молив за усни предизвика загриженост кај експертите. Додека некои инфлуенсери го фалат маркерот како евтина алтернатива на традиционалните производи за шминка, дерматолозите предупредуваат на потенцијални здравствени ризици поради хемикалиите што ги содржат овие маркери.
Д-р Брук Џафи изјави за Fox News Digital дека е загрижена за трендот, според NY Post.
„Ризикот не вреди“, рече таа.
Центарот за труење на Северна Нова Англија вели дека перманентните маркери содржат мастило кое е направено од хемикалии како што се ксилен, толуен и уретанска смола.
Толуенот може да се најде и во други растворувачи и хемикалии, како што се пигменти и разредувачи за боја, средства за чистење метал и бензин.
„Загрижена сум дека некои од овие потенцијално токсични состојки би можеле да се апсорбираат во телото во количини што би можеле да претставуваат ризик за здравјето“, предупреди д-р Џефри.
„Интересно е што живееме во свет каде што луѓето се многу поларизирани против одредени состојки кои всушност се сосема безбедни за употреба, додека ја прифаќаат употребата на супстанции кои всушност содржат токсини. Само престанете да ги користите“, заклучи таа.