Орландо, ѕвездата на големите филмски франшизи како Господарот на прстените и Пиратите од Карибите, неодамна призна дека жали што ја одбил улогата во серијата „Black Mirror“, една од најпознатите и најиновативните серии на Нетфликс.
Во интервјуто за „Унилад“ во кое го промовираше својот најнов проект, комедијата „Deep Cover“, актерот размислуваше за улогата што ја пропуштил и која, како што сега вели, со задоволство би ја прифатил доколку тогаш подобро го разбрал нејзиниот карактер.
Пропуштена можност во „USS Callister“
Блум откри дека му била понудена улога во епизодата „USS Callister“ од четвртата сезона на научно-фантастичната серија „Black Mirror“, која предизвика голема возбуда кај публиката и критичарите веднаш по објавувањето. Иако не откри точно кој лик треба да го игра, тој призна дека концептот го збунил и дека тогаш едноставно не знаел како да му пристапи.
“Ми понудија улога, но јас ја одбив бидејќи не знаев како да ја глумам. Се каам сега кога видов колку добро испадна. Го сакам “Black Mirror”, но тогаш не знаев како да ги претставам таа вистина и искреност на ликот во контекст кој комбинира научна фантастика и мрачен хумор”, рекол Блум.
За што е епизодата „USS Callister“?
Епизодата на USS Callister е една од најнезаборавните во серијата, позната по својата брилијантна комбинација на сатира, психолошки трилер и научна фантастика.
Приказната се фокусира на Роберт Дејли (Џеси Племонс), програмски гениј и ко-основач на технолошка компанија, кој тајно живее во својата виртуелна реалност – вселенска авантура слична на Star Trek.
Во овој дигитален свет, Дејли создава виртуелни верзии на своите колеги, принудувајќи ги да учествуваат во неговата фантазија, додека во реалниот живот води тивко, маргинализирано постоење.
Епизодата се осврнува на темите на моќ, контрола, виртуелна злоупотреба и идентитет и доби пофалби за нејзината оригиналност, продукциските вредности и силната глума.
Иако ја пропушти можноста да глуми во епизодата „USS Callister“, Блум призна дека е отворен за соработка и дека би сакал да сними нешто слично.