
Студијата спроведена на млади парови во Канада покажа дека интензитетот на водење љубов е сличен на напорот на умерена физичка активност, како што е пешачање.
Судејќи според мерењата на отчукувањата на срцето, мастурбацијата е еднаква на многу благи вежби, како што е лесното одење.
Со оглед на тоа, научниците дошле до заклучок дека сексот може да се спореди со вежбање, но сѐ зависи од тоа колку некој е активен. Луѓето кои се во форма и работат на обликување на телото, сексот не го доживуваат како вежбање туку како чисто задоволство и релаксација.
Од друга страна, луѓето кои не се премногу активни и не вежбаат толку често, сексот со просечна фреквенција и интензитет го доживуваат како физички напор, како што за некој е, на пример, трчањето маратон.
Сексуалната желба се зголемува со вежбање
Утврдено е дека физичката активност и негата на телото многу лесно ја зголемуваат сексуалната желба и задоволството во водењето љубов, бидејќи тогаш човекот е задоволен со себе и посамоуверен од оние кои не вежбаат. Исто така, луѓето кои се статични тешко можат да сметаат на градење мускули со повремен секс.
Половина час водење љубов троши околу 150 калории
Во зависност од позата, таа бројка може да биде и до 150 калории потрошени во половина час секс.
Ги издвоивме секс позите кои трошат најмногу калории, што е одлична (и многу попријатна) алтернатива за одење во теретана. Многу интензивен секс може да стопи дури 350 калории што е како половина час трчање на лента за трчање. Повеќето мускули во телото се активираат со најкласичната позната поза, мисионерската, но тоа важи само за мажите.
Исто така, слабеете преку орален секс, за половина час ќе согорите околу 100 калории, што е како половина час пешачење или 15 минути вежбање во теретана. Жените кои достигнуваат оргазам согоруваат повеќе калории од оние кои не постигнуваат оргазам. Затоа, погрижете се водењето љубов секогаш да „завршува среќно“.
И уште еден интересен детал – за време на сексот мажите губат повеќе калории од жените бидејќи имаат поголема мускулна маса.
Еве колку калории се трошат за половина час водење љубов:
Поза – жената горе
Во овој случај, мажот губи многу малку калории, а жената во просек 122. Повеќе калории ќе се стопат кога не е седната на партнерот, туку е во положба на сквотирање – ова го зголемува бројот на согорени калории на 172. Оваа поза ги зајакнува мускулите , нозете, карлицата, задникот и долниот дел на стомакот.
Мисионерска поза
Во оваа поза, мажот ќе согори 143 калории за половина час умерен секс, а жената само 44.
Ако жената сака да согорува повеќе калории, тогаш треба да го подига задникот кон партнерот и да го спушта, следејќи го неговиот ритам. Одличен е и за тонирање на мускулите на нозете, задникот и стомакот.
Doggy style
Во оваа поза жената согорува во просек 98 калории, а мажот 151. Ако жената сака да изгуби повеќе, тогаш треба да ги потпре рацете на ѕид – на тој начин ќе согори 118 калории. Покрај тоа, ќе ги зајакне мускулите на рацете и рамената.
Ако мажот сака да согорува повеќе калории (до 211), треба да го забрза темпото.
Лажица
Иако оваа поза не е многу активна, и таа согорува калории. Мажот и жената се на страна, тој е зад неа. За време на овој начин на водење љубов, жената троши 103 калории, а мажот 113.