Откријте дали ви е потребно чистење на организмот: 5 знаци дека вашето тело е полно со токсини

popara24 февруари, 20251min00
Screenshot_1

Се трудите да се храните здраво, редовно се рекреирате и пиете многу течности. Сепак, изгледа како нешто да недостасува. Проблемот би можел да биде во отровите кои ги внесуваме во нашето тело, преку преработената храна, лошиот воздух, загадената вода и загадените производи кои ги конзумираме.

 

 

 

 

Ова се неколку симптоми кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини.

 

Постојано чувство на замор

 

Ако сте уморни  кога не сте наспани или напорно сте работеле во текот на целиот ден, тоа е нормално. Но, ако постојано се чувствувате исцрпено тоа значи дека вашето тело е блокирано со отрови. Затоа, намалете го кафето и пробајте да направите неколкудневен детокс. Потребна е голема промена.

 

Промени во телесната тежина

 

Ако редовно се рекреирате и внимавате што јадете, а сепак не слабеете, проблемот би можел да биде со тоа што се насобрани токсини во вашето тело. Тоа делува на хормоните и поради тоа се соочувате со проблемот поврзан со килограмите.  Потребно е многу вода и детокс со здрави намирници.

 

Лош здив

 

Лошиот здив не е само последица на лоша орална хигиена. Тој може да значи и проблеми со дигестивниот систем, а тие пак се знак дека црниот дроб се бори со големо количество отрови.

 

Тврда столица и спор метаболизам

 

Ваквите проблеми значат дека вашето тело долго било изложено на лоша исхрана. Цревата работат отежнато поради тоа, а тоа пак предизвикува голем проблем во целото тело.

 

Чувствителност на мириси

 

Ова е еден од најчестите, а малку очигледни симптоми. Доколку сте пречуствителни на мириси, вашето тело ви праќа сигнал дека е оптоварено со токсини. Овој симптом често е проследен и со вртоглавица и мачнини.