„Очајна или заљубена?“ Елизабет Харли блеска во прегратките на таткото на Мајли Сајрус – нови детали од хит аферата, интернетот гори од коментари

popara30 април, 20251min00
Screenshot_4

Откако објавија фотографија од себе како се бакнуваат на Велигден, Елизабет Харли сега сподели и нови фотографии со Били Реј Сајрус, таткото на пејачката Мајли Сајрус.

 

 

 

„Викенд во Тенеси“, напиша таа, додавајќи емотикон во форма на срце. На првата фотографија, Били цврсто ја прегрнува Елизабет додека позираат пред дрво, а на втората фотографија се возат во таканареченo „баги“ (пустинско возило). Фотографиите се направени на фармата на Били во Тенеси.

 

„Изгледате совршено заедно“, „Прекрасен пар“, „Били Реј Сајрус е најискрениот човек што некогаш би можеле да го запознаете“, „Среќна сум за тебе“, „Изгледаат одлично заедно. Среќна сум ако и тие се среќни“, „Изгледаш толку среќно“, „Мило ми е што си ја пронашол среќата“, се само некои од коментарите.

 

Но, се чини дека нејзината објава не можеше да избега од критики. „Не можам да верувам дека си во врска со овој тип“, „Не разбирам зошто се заедно“, „Ова е толку чудно“, „Каква штета, заслужуваш многу подобро“, „Мора да е очајна“, коментираа некои.

 

Актерката објави фотографија од Били Реј како ја бакнува во образ за Велигден, што предизвика лавина од реакции. Самиот пејач набрзо се огласи и потврди дека се во врска.

 

Како што рече тој во шоуто на Тај Бентли, Елизабет го направила првиот потег. Таа му понудила поддршка додека се справувал со разводот од австралиската пејачка Фајероуз.