Иако Памела Андерсон во последните неколку месеци ги навикна своите обожаватели на изданија без шминка, за насловната страница на магазинот Elle го прекрши ова „правило“ и се појави со шминка на лицето, но во препознатливо провокативни изданија.
Андерсон позираше за јануарската дигитална насловна страна на магазинот Elle каде ја коментираше нејзината улога во филмот „The Last Showgirl“ за кој дури очекуваше и номинација за Оскар.
Сепак, она што се забележува на фотографиите е дека Памела се врати со шминка на лицето откако нејзините појавувања на црвениот тепих во текот на целата година беа обележани со сосема природен изглед.
View this post on Instagram
Исто така, на неодамнешната насловна страница на Perfect, таа позираше целосно без шминка. Сепак, за Ел на насловната фотографија носи лесна шминка на лицето, додека во провокативна поза ги истакнува своите долги нозе.
Носи комбинација од карирана јакна, кратко здолниште, кошула и вратоврска.
Памела ја игра главната улога во филмот „The Last Showgirl“ во режија на Џиа Копола, внука на Френсис Форд Копола.
За улогата рекла дека ова ѝ била можеби единствената шанса да сними филм, па „му дала се што имала“. На зрелата 57-годишна возраст, поетската драма ја направи неверојатна кандидатка за награди, заработувајќи пофалби во индустријата и номинации за наградите Златен глобус, Готам и SAG, но без номинација за Оскар.
Pamela Anderson for American Elle Magazine ¨*:· pic.twitter.com/TPXPQ6WSiC
— 𝘚𝘦𝘳𝘦𝘯𝘢 ✧ (@p0ssiblypam) January 24, 2025