ПАСТИРСКА ПИТА – рај за непцата: Совршена за вкусен ручек кој ќе ве најаде

popara12 мај, 20251min00
120457_pastirska-pitak_f

Потребно е:

500 гр мешано мелено месо
2-3 глави лук
1-2 шаки грашок
2 чешниња лук
3 супени лажици пасирани домати
масло, суви зачини, сол, бибер
4 големи компири
150 мл млеко
3 лажици кисела павлака
путер
100 гр тврдо сирење
5 тврдо варени јајца

Подготовка:

Ставете ги компирите да се варат. На зејтин се пропржуваат ситно сечканиот кромид и лукот, па се додава меленото месо и се пржи додека не испари течноста. Додадете грашок, суви зачини, сол, бибер и пасирани домати. Мешајте додека се се соедини и тргнете од оган. Сварениот компир убаво изгмечете го, додадете млеко, малку путер, павлака, сувите зачини и посолете по вкус. На дното на огноотпорниот сад наредете го филот од месо, па пирето, врз пирето притиснете половина од варените јајца и одозгора изрендајте го кашкавалот. Печете околу 15 минути на 180 степени. Послужете ја питата топла со сезонска салата или павлака.