
Ќе ви треба:
4 големи црвени месни пиперки
200 г рендано сирење
4 јајца
50 г панчета
прстофат оригано или свежо сечкан магдонос за сервирање, по желба
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги пиперките, потоа исечете ги на половина по должина и отстранете ги семките. Треба да добиете 8 половини, готови за полнење. Во сад измешајте го ренданото сирење и јајцата, а потоа полека додадете сол и бибер во смесата. Добро измешајте со вилушка. Потоа наполнете ја секоја пиперка со смесата од јајца и сирење. Ставете неколку парчиња панчета одозгора. Наредете ги пиперките на плех обложен со хартија за печење. Печете 25 до 30 минути во рерна претходно загреана на 200 степени. На крај, наросете со свеж магдонос.