Пивото на Октоберфест и оваа година поскапе, зголемени се цените и на безалкохолните пијалоци

popara27 мај, 20251min00
shutterstock_2488262831.format-webp.width-900

Пивото на Октоберфест повторно ќе поскапи и на овогодинешниот фестивал литар ќе чини меѓу 14,50 и 15,80 евра, соопшти денеска градот Минхен.

Тоа е во просек за 3,52 отсто повеќе од лани кога литар чинеше меѓу 13,60 и 15,30 евра, а ќе поскапат и безалкохолните пијалоци.

Како организатор на фестивалот, градот проверува дали цените што ги пресметале угостителите се соодветни и ги споредува со цените на големите угостителски објекти во Минхен, каде литар пиво моментално чини 7,70 и 13,40 евра.

Пивото на Октоберфест е посебно и има околу шест отсто алкохол. Дополнително, угостителите прават трошоци за поставување и симнување на шатори во текот на двете фестивалски недели, како и за настапи во живо.

Организаторите внимателно ги одмеруваа цените и ја земаа сметката за инфлацијата, рече портпаролот на угостителката Питер Инселкамер.

Од 2004 година, цените на пивото на фестивалот се зголемија приближно двојно, бидејќи пред 20 години литар чинеше меѓу 6,70 и 7,10 евра.

Годинешниот Октобарфест започнува на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Се смета за најголемиот фолк фестивал во светот и лани имаше околу 6,7 милиони гости.