
Ви треба:
400 г пире од компири
100 г пармезан
70 г густин
1 јајце
1 кромид
сол
бибер
Подготовка:
Излупете го кромидот и ситно исечкајте го и ставете го во сад. Додадете го ладното пире од компири и јајцето и зачинете. Добро измешајте. Потоа додадете го пармезанот и густинот и измешајте. Оставете во фрижидер 45 минути. Обликувајте ги плескавиците со раце и пржете ги во путер 3 до 4 минути од секоја страна. Оставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.