
Ви треба:
2 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 чаша шеќер
2 чаши брашно
1 прашок за пециво
2 големи јаболка (рендани)
1 лажичка цимет
по желба: една шака суво грозје или сечкани ореви
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го јогуртот и маслото, а потоа соединете. Додадете го брашното и прашокот за пециво. Додадете ги ренданите јаболка и циметот (и суво грозје или ореви ако сакате). Истурете ја смесата во намастен плех и печете на 180°C околу 30-35 минути. Кога ќе се олади, наросете ја питата со шеќер во прав.