
Плетените фустани се едни од најпрактичните парчиња облека за есен и зима – топли се, не мора да се грижите за остатокот од комбинацијата, а со вистинските чевли, палто или јакна, ќе бидете забележани каде и да одите.
Овој тип фустан беше популарен во претходните сезони, но се чини дека изборот на модели е побогат сега.
Покрај широките, кои ги претпочитаат тинејџерките, се носат и малку лабави фустани, кои ја следат линијата на телото и наликуваат на подолги ролки или преголеми џемпери.

За дамите со идеална фигура, тука е најбогатата понуда – тесни модели доаѓаат со интересни решенија – голи рамена, длабоко деколте, различни должини.
За студените денови, носете фустани со ролка со чизми над колена и нема да погрешите ако тоа е вашиот избор за деловен состанок.
Можете да ги стилизирате и со патики и кратка јакна, а нема ограничувања кога станува збор за бојата.
Белата, црната, сивата, камел, па дури и зелената и бордо ќе го освежат вашиот есенски стил.

Одржување – перење и сушење
Плетените фустани, особено ако се изработени од волна, треба да се перат рачно со благ прашок или детергент за волна во вода не потопла од 30 степени.
Акрилната плетена облека не е толку тешка за одржување, лесна е за перење и не бара посебни детергенти, но задолжително проверете и изберете соодветна програма за перење во машина.
Производите направени од мешани предива може да се перат и во машина на пониска температура.
За да го избегнете ризикот од истегнување на предивото при сушење, исцедете ги фустаните, ставете ги на крпа и замотајте ги во валјак. Наместо да ги пеглате, подобро е да ги однесете во бањата, да пушите топла вода и да користите пареа за да ги исправите брчките.