
Ќе ви треба:
250 г брашно
10 г прашок за пециво
1 лажичка сол
200 мл јогурт
50 мл масло
150 г рендано сирење
1 јајце за премачкување
сусам или ким за посипување
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Одделно измешајте го јогуртот и маслото, потоа додадете ги во сувите состојки и замесете мазно тесто. Потоа додадете го ренданото сирење. Развлечете го тестото на дебелина од околу 1,5 до 2 сантиметри и со чаша исечете ги погачите. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Потоа премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам. Печете ги околу 20 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени.