
Ќе ви треба:
700 г лиснато тесто
30 мл доматен сос
200 г шунка, говедско месо, свински врат…
200 г сирење
1 јајце
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Лисната кора од тесто расукајте ја со сукало и исечете ја на долги ленти. На средината од секоја премачкајте малку доматен сос. Одозгора наредете ги парчињата шунка исечени на ленти, а потоа парчињата сирење. Тестото расукајте го во форма на полжави. Наредете го на плех обложен со хартија за печење и премачкајте го со изматено јајце. Печете ги полжавите околу 25 минути во рерна претходно загреана на 180 степени.