Одамна е познато колку водењето љубов може да биде корисно за нашето здравје.
Сепак, научниците истакнуваат и дека периодот по интимните односи е многу важен, бидејќи, како што истакнуваат, тоа е идеално време за носење на најважните одлуки.
И има прилично едноставно објаснување за тоа.
Сексологот Пипа Марфи наведува дека при водење љубов се ослободуваат три хормони на среќа и добро расположение.
– Тоа се допамин, ендорфин и окситоцин, кои прават да се чувствуваме добро, поконцентрирани, побалансирани, а исто така ви овозможуваат да се поврзете со вашиот партнер – вели Марфи.
Освен тоа, тогаш нивото на кортизол, хормонот на стресот е пониско, што докажува – повеќе интимни врски, помалку стрес.
Марфи забележува дека водењето љубов обезбедува привремено одвлекување на вниманието од стресовите во секојдневниот живот. Отстранувањето на овие проблеми и стресот може да ви помогне да ја исчистите главата, да се ослободите од менталната магла и бариерите што може да ве спречат да размислувате јасно.
Урологот од Орландо, Џејмин Брамбат, потврди дека телото и мозокот имаат специфичен одговор по сексуалниот однос.
Тој изјави дека некои мажи се чувствуваат опуштено и можат да дремнат по ејакулацијата, додека други се чувствуваат инспирирани и подготвени да работат на други задачи.
– Три студии покажаа зголемена активност на лимбичкиот систем (центарот за емоции) во мозокот пред водење љубов. Оваа област на мозокот има сектори одговорни за меморија, страв, агресија и други емоции – тврди урологот.
И за мажите и за жените, интимноста и задоволството во спалната соба може да ја зголемат активноста на мозокот.
Сепак, додека некои експерти велат дека водењето љубов може да не „подигне“, други предупредуваат дека кај некои тоа би можело да има спротивен ефект.
Некои луѓе доживуваат „посткоитална дисфорија“ – кога луѓето чувствуваат чувство на пад, наместо моментален пораст и чувство на јасност, по сексуалниот однос.
Студија од 2010 година покажа дека 32,9 отсто од луѓето имале негативно расположение после секс.
Иако причината не е идентификувана, експертите веруваат дека тоа би можело да биде резултат на траума од минатото.
„Ова го привлекува вниманието на уникатната природа на посткоиталната дисфорија, каде што меланхолијата е ограничена на периодот по сексуалниот однос и поединецот не може да објасни зошто се јавува дисфоријата“, се вели во студијата.