ПОСНА ПАШТЕТА ОД ЛЕБЛЕБИЈА: Кремаст намаз за секој ден, брз и лесен за подготовка

popara23 јуни, 20251min00
126605_shutterstock-2184610643_f

Состојки:

1 конзерва (околу 400 гр.) наут, исцеден и исплакнат
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
Сок од половина лимон
Сол и бибер по вкус
1/2 лажичка мелена пиперка (може да користите и топла ако сакате)
Свеж магдонос или копар по вкус

Подготовка:

  1. Наутот, лукот, маслиновото масло и сокот од лимон се ставаат во блендер или се сечкаат со рачен блендер.
  2. Блендирајте додека не добиете мазна паста. Ако е премногу густа, можете да додадете малку вода или масло за да ја добиете саканата конзистентност.
  3. Додадете сол, бибер и пиперка, па кратко измешајте.
  4. Ставете ја паштетата во сад и украсете ја со сечкан магдонос или копар.