ПОСНА ПАШТЕТА ОД РИБА И ОРЕВИ: Одлично оди со леб за време на пост

popara10 март, 20251min00
116204_pasteta-f_f

Ви треба:

300 грама мелена риба по избор
3 сецкани чешниња лук
1⁄2 китка сечкан магдонос
оригано по вкус
сок од 1⁄4 лимон
грст сечкани ореви
бибер и сол
100 гр посен мајонез

Подготовка:

Додадете ги сите други состојки во рибата, зачинете, па префрлете ги во блендер или користете миксер за пирење. Во пасираната смеса додадете сечкан лук, ореви, оригано, магдонос и сè убаво измешајте. Сечканите парчиња лук и ореви и даваат на оваа паштета посебен вкус и арома.