ПОСНА ПАШТЕТА ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА: Готова за 20 минути, со неодолив вкус

popara10 април, 20251min00
119557_shutterstock-2385717213_f (1)

Неопходно е:

300 гр црвена леќа
1 среден кромид
1 морков
3-4 чешниња лук
1 лажица масло
морска сол, по вкус
магдонос за декорација
1-2 прстофат куркума

Подготовка

Во средно тенџере ставете вода и оставете да зоврие. Додадете леќа, сечкани моркови, 2/3 од сечканиот кромид и морска сол. Гответе десет минути, а потоа тргнете го од оган. Потоа измешајте го пасираниот лук и оставете го да се излади 10 минути. Исцедете ги и истурете ги во сад. Во блендер изблендирајте ја леќата и другите состојки. Додадете куркума, масло и остатокот од сечканиот кромид. Добро измешајте со лажица. Украсете ја паштетата со сечкан магдонос.