ПОТПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ЈАБОЛКА: Класика на поинаков начин

popara20 април, 20251min00
120105_shutterstock-1180948882_f

Потребно е:

2 јајца
2 кесички ванилин шеќер
400 мл ладно млеко
1 прстофат сол
3 лажици масло
160 гр брашно
2 јаболка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад изматете ги јајцата, ванилиниот шеќер, ладното млеко, прстофат сол, брашното и маслото. Излупете ги и изрендајте ги јаболката. Смесата истурете ја во тавче обложено со хартија за печење. Одозгора со јаболка. Се пече околу половина час во загреана рерна на 200 степени. Испечените палачинки исечкајте ги на коцки, посипете ги со шеќер и цимет и свиткајте ги во ролни.