
Потребно е:
За ќофтињата:
300 гр мелено месо
1 главица лук
1 јајце
2 лажици презла
зачини
100 мл млеко
малку леб
масло
За бешамел сосот:
100 гр путер
2 лажици брашно
500 мл млеко
зачини
За посипување:
150 гр сирење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во длабок сад ставете го меленото месо, па додајте го ситно исечканиот кромид и јајцето и измешајте. Потопете го лебот во млеко, па исцедете го и ставете го во садот со месото. Зачинете, па додадете ја презлата и убаво измешајте. Земете малку од смесата, со дланките обликувајте ќофтиња и пржете на врело масло додека не поруменат. Загрејте го путерот, а потоа измешајте го брашното и пропржете. Истурете го врелото млеко, зачинете и варете додека не се згусне. Наредете ги ќофтињата во огноотпорен сад и прелијте ги со бешамел сосот. Потоа посипете со рендано сирење. Се пече околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени.