Бен Афлек и Џенифер Гарнер иако со години се разведени, сепак се во контакт поради нивните деца. Нивното неодамнешно појавување на аеродромот за пристигнувањето на нивниот син Самуел повторно ги разгоре шпекулациите за проблеми во нивната врска.
Според Дејли Мејл, поранешната двојка е видена во малку напната атмосфера. Џенифер изгледаше сериозно и целосно фокусирано на својот син, додека Бен Афлек изгледаше нервозно, се криеше зад очилата за сонце и пушеше цигара. Немаше значајна интеракција меѓу нив додека не дојде Самуел.
Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2018 година и заедно имаат три деца: Вајолет (19), Фин (16) и Семјуел (13). И покрај разводот и двајцата јавно истакнаа дека родителството им е приоритет и дека се трудат да одржат пријателски однос.
„Навистина сум среќен што имам одлична партнерка во неа и мајка на моите деца, која е прекрасна и со која одлично соработувам“, изјави Афлек во едно неодамнешно интервју.
По разводот Бен и се врати на поранешната девојка Џенифер Лопез со која се ожени, но бракот не траеше. Гарнер, пак, се гледа со бизнисменот Џон Милер од 2018 година.Според медиумите, Џон неодамна привремено се преселил кај Џенифер, бидејќи неговиот дом бил оштетен во пожар.
И покрај ова, имаше шпекулации дека Бен Афлек можеби сака да ја обнови врската со Гарнер. Сепак, извор близок до актерката тврди дека таква можност не постои. “Таа е среќна во врската со нејзиното момче и не размислува повторно да се зближи со Бен. Единственото нешто што ги поврзува двајцата сега е родителството”, рекол изворот.
Фотографиите од неодамнешната прослава на роденденот на Самуел дополнително ги поттикнаа гласините. Нивната блискост на сликите наводно го вознемирила партнерот на Гарнер, Џон Милер. Според Page Six, Милер го изразил своето незадоволство од начинот на кој тие биле прикажани во јавноста.
“Знае дека нема ништо повеќе меѓу Џенифер и Бен, но мисли дека таквите слики оставаат погрешен впечаток и не го почитуваат неговиот однос со неа. Затоа и постави ултиматум – такви ситуации не смее да се повторуваат, во спротивно ќе размисли за прекин на врската”, рекол извор близок на парот.