Проверете ги таваните и подрумите: Овие стари видео игри би можеле да ви донесат богатство

popara17 февруари, 20251min00
A little child playing original Super Nintendo

Фановите на Нинтендо можеби имаат неколку вредни класични видео игри во нивна сопственост. Неизмерно популарната франшиза создаде повеќе од 200 наслови откако се појави на сцената во 1985 година.

Некои ретки изданија на видео играта Супер Марио денес би можеле да вредат многу повеќе отколку што некогаш сте платиле за нив. Треба да се има предвид дека повредни се оние изданија кои се уште се во нивната оригинална амбалажа, особено ако се неотворени.

Британскиот The Sun донесува листа од шест видео игри кои би можеле да ви заработат убава сума на пари.

1. Super Mario Bros 5 Screw

Доколку случајно имате комплетна верзија на Супер Марио Брос со 5 завртки во кутијата, за неа би можеле да добиете и до 300 евра.

2. Super Mario RPG

Super Mario RPG беше објавен во 1996 година. Ако имате верзија на Super Mario RPG во добра состојба, би можеле да добиете околу 345 евра за неа.

3. Mario’s Tennis

Mario’s Tennis беше издадена во 1995 година за Virtual Boy, преносливата конзола на Nintendo. Со оглед на лошите перформанси на системот, некои игри објавени за него станаа доста ретки, вклучувајќи го и Mario’s Tennis. Неотворените верзии на Mario’s Tennis би можеле да вредат и до 420 евра.

4. Mario’s Time Machine

Mario’s Time Machine беше една од едукативните игри на Nintendo. Има многу малку примероци од оваа игра, па затоа е доста барана меѓу колекционерите и затоа може да достигне цена од околу 480 евра за неа.

5. Super Mario World

Многу популарниот Super Mario World беше објавен во 1990 година. Сепак, најчесто се продаваше како пакет со конзолата, што значи дека поединечните копии во кутии сега се доста ретки. Доколку случајно имате таков примерок, денес за него можете да добиете околу 700 евра.

6. Mario Kart 8 (ограничено издание)

Една од највредните игри на Марио е Mario Kart 8 Limited Edition (за конзолата Wii U), која можете да ја продадете за нешто повеќе од 1.000 евра, но само ако го имате изданието во црвената кутија.