Ако сте забележале дека вашата мачка се однесува чудно, можеби е вознемирена поради нешто.
Иако понекогаш не го сфаќаме тоа, она што ни пречи нас, често им пречи и на нашите мачки. Од валкан простор до прегласна музика, можеби несвесно им создаваме непријатност.
Има работи што луѓето ги прават, а мачките не ги сакаат.
Осаменост
Иако се понезависни од кучињата, на мачките им треба внимание и дружење. Долготрајната осаменост може да ги направи вознемирени или депресивни.
Одвојте најмалку 15 минути дневно за играње или размислете да посвоите друга мачка за да и правите друштво.
Валкани кутии со песок
Мачките не можат да поднесат валкани кутии со песок. Чистете ги секојдневно или барем на секои два дена и редовно менувајте го песокот.
Расипана храна
Расипаната храна, освен што има лош мирис, може да предизвика и болест. Проверете го датумот на истекување на храната и прилагодете ја количината на порции за да избегнете наталожување на остатоци.
Ветеринарот може да помогне да се одреди идеалната исхрана за вашата мачка, пишува „The Spruce Pets“.
Премногу агресивно галење
Мачките се многу чувствителни на допир, па затоа е важно да внимавате каде и како ги галите. Ако имате мачка, знаете дека постојат само одредени места на кои ќе ви дозволи да ја галите.
Ако допрете на погрешно место, таа може да ве изгребе или касне. Повеќето мачки сакаат да се галат само на места како главата или вратот.
Натпревар со други мачки
Љубомората за храна, простор или внимание може да предизвика агресија меѓу мачките.
Исто така, ако внатрешната мачка се чувствува загрозена од мачка на отворено, таа може да ја пренасочи својата агресија кон друга мачка во куќата.
Гласни звуци
Бучавата како гром или огномет предизвикува стрес кој може да доведе до агресија, депресија или здравствени проблеми.
Обидете се да ја ограничите изложеноста на вашата мачка на гласни звуци. Обезбедете и тивко, безбедно место за време на лоши временски услови или кога гостите ја посетуваат и избегнувајте гласни звуци.