Можете ли да препознаете личност која неодамна водела љубов? Неодамнешното истражување откри дека постојат знаци кои ќе ви кажат дека штотуку сте воделе љубов и сте доживеале оргазам.
Поцрвенети образи
Познато е дека сексот го зголемува протокот на крв, поради што по него стануваме црвени во лицето и изгледаме поинаку, посјајно.
Одење по облаци
После оргазам, одиме поинаку. Истражувачите од Универзитетот во Лувен анализирале видео клипови од жени кои шетаат по улица и успеале да утврдат кои од нив имаат редовен оргазам, а кои не. Жените кои имаат чест секс и редовно доживуваат оргазам имаат подолг чекор и помобилна карлица поради подобриот проток на крв низ мускулите во тој дел од телото – „Жените кои често доживуваат вагинален оргазам ги нишаат колковите додека одат, повеќе се мрдаат и нивните чекорот е полесен“, наведуваат истражувачите.
Одлично расположение
Се чувствуваме позадоволни, поисполнети, посреќни. Нема место за нервоза и ништо не може да ни го уништи денот. За време на сексот се ослободуваат повеќе хормони на среќата.
Насмевка од уво до уво
Не можеме да бидеме сериозни и кога ситуацијата бара сериозност. Ја задржуваме насмевката на нашите лица.