Редок примерок од првото издание на Хари Потер продаден за 18 илјади фунти

popara9 февруари, 20251min00
EXCLUSIVE: Harry Potter superfan finds SECOND rare edition of Philosopher’s Stone book

Првото издание на книгата од серијата Хари Потер од Џ.К. Роулинг на аукција во Велика Британија во саботата е продадена за 18 илјади фунти.

Копија од Хари Потер и филозофскиот камен, еден од првите 500 отпечатени во 1997 година, беше продаден на аукција во британскиот град Пејгтон во Девон во саботата.

На задната страна на книгата има правописна грешка на зборот „Филозофски“, а на страница 53 волшебното стапче по грешка е наведено двапати во списокот со опрема.

Копијата се очекуваше да се продаде меѓу 20 и 30 илјади фунти, но беше продадена за 18 илјади (околу 21,6 илјади евра).

Аукциската куќа го опиша како „добар пример за исклучително ретка копија од првото издание“.

Друг примерок од романот, но пооштетен, е продаден за 1,3 илјади фунти.

Издавачите првично испечатија само мал број примероци од Хари Потер бидејќи не знаеја дали книгата ќе добие популарност.

Следуваше серија од уште шест продолженија и екранизација, а Хари Потер е една од најпопуларните книги во светот денес.

Првото издание на „Хари Потер и филозофскиот камен“ беше продадено за 45.000 фунти во јуни минатата година, а целосно зачуваната копија достигна цена од 69.000 фунти во март 2022 година.12