Состојки:
500 ml кисела вода
1 лажичка шеќер
20 гр свеж квасец
850-900 гр брашно
3 лажици масло
Подготовка:
Во сад истурете ја киселата вода, па додајте го издробениот квасец и шеќерот и измешајте. Додадете 200 гр брашно, измешајте и покријте со фолија 15 минути.
Кога ќе стаса додадете го маслото, остатокот од брашното, солта и замесете мазно тесто. Оставете го да одмори 30 минути. Нараснатото тесто поделете го на 2 дела, секој расукајте го во должина на плехот, па виткајте во ролат и ставете го на плех посипан со брашно. Покријте и оставете да нарасне 20 минути.
Вклучете ја рерната на 230 степени и кога ќе се загрее додадете тава со топла вода и ставете ја на дното од рерната. По желба исечкајте го лебот на средина.
Ставете го лебот во рерна и печете 20 минути. Извадете ја водата и намалете ја температурата на рерната на 200 степени и печете уште 40 минути.