
Нарушената работа на штитната жлезда не е шега и мора постојано да биде контролирана од страна на ендокринолог и да се почитуваат правилата за земање на терапијата.
Најчести проблеми се хипотиреозата и хипертиреозата. И двете состојби ги нарушуваат метаболизмот и нивото на енергија за извршување на секојдневните задачи.
Симптоми на хипотиреоза, односно намалено лачење на хормони од штитната жлезда, се манифестира со поспаност, умор, опстипација и накачување на телесната тежина. Хипертиреозата пак, предизвикува слабост, постојан замор, неправилна работа на срцето, губење на коса, постојана дијареја и губење телесна тежина.
Овој природен лек, во комбинација со соодветната терапија, ја подобрува работата на штитната жлезда.
Потребни ви се:
- 100 мл вода
- 200 мл сок од брусница
- Малку ѓумбир во прав
- Половина лажичка цимет во прав
- Малку морско оревче
- Една лажица сок од портокал
- Една лажица сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја водата, додајте го сокот од брусница и зачините и варете ја смесата 20 минути. Тргнете ја од ринглата, оставете да се олади и додадете сок од портокал и лимон. Испијте ја подготвената количина во тек на еден ден.