Ричард Гир за прв пат се огласи на Инстаграм: Имаше една важна порака за сите

popara14 мај, 20251min00
Screenshot_8

На 76-годишна возраст, холивудскиот актер Ричард Гир одлучи да направи неверојатен потег отворајќи Инстаграм профил. Во своето прво и единствено соопштение досега, Гир им се обрати на своите обожаватели со видеопорака, а добредојде му посакаа неговата сопруга Алехандра Силва и пријателот Антонио Бандерас.

 

 

 

 

– Поздрав до сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека има многу лажни профили што го користат моето име или се преправаат дека сум јас. Ве молам, игнорирајте го секој друг профил што тврди дека е мој. Доколку сакате да ме контактирате или да ја следите мојата работа, единственото официјално место е преку Фондацијата Гир на Инстаграм на. Ви благодариме за вашата поддршка и ве молам останете безбедни онлајн – изјави актерот во видеопорака на неговиот официјален, приватен Инстаграм профил.

 

Профилот има и знак за верификација, што потврдува дека тој е вистинскиот корисник.

 

Бандерас  го поздрави со порака: „Добредојде пријателе мој“, на што Гир одговори со емотикон.

 

Гир собра речиси 7.000 следбеници, а најинтересно е што следеше само четири профили. Првиот, секако, е профилот на неговата сопруга Алехандра Силва, потоа неговиот пријател Антонио Бандерас, а потоа Фондацијата Гир и неговиот сакан Далај Лама.