Роберт Патинсон во неодамнешното интервју за магазинот GQ откри дека за малку ќе доживеал нервен слом додека ја снимал претстојната комедија „Die, My Love“ во режија на Лин Ремзи.
Патинсон глуми во овој филм заедно со оскаровката Џенифер Лоренс, а за време на една од сцените требало да импровизираат танц, што предизвикало вознемиреност кај Патинсон. Тој побарал од режисерот да ја пресече таа сцена или да најде кореограф.
„Имав можност да работам на тој филм со Лин Ремзи и можам да кажам дека таа е навистина добра танчерка. За неа, танцувањето е лесно и само ми рекоа да танцувам додека свири музиката. На што им одговорив дека ќе имам нервен слом кога ќе дојдеме до таа сцена и дека треба или да најдеме кореограф или да ја пресечеме таа сцена. Толку многу се потев што панталоните ми беа целосно влажни“, рекол тој.
Филмот „Die, My Love“ е базиран на истоимениот роман на Аријане Харвич, а сценариото е на Ремзи и Енда Волш. Филмот следи брачен пар кој живее на фарма во Монтана. Нивниот брак се распаѓа поради изневерување, а жената по породувањето почнува да страда од психички проблеми.
Лоренс и Патинсон глумат во филмот, а во споредните улоги се ЛаКит Стенфилд, Сиси Спејсек, Ник Нолте и Маркус Дела Роза. Се уште не е познато кога овој филм ќе има премиера.