Ролнички на среќата: Се прават од леб, полни се со крем и се готови за 10 минути

popara10 јуни, 20251min00
125587_screenshot-246_f

Ви треба:

6 парчиња тост леб
2 јајца
3 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат цимет
3 лажици крем од лешник
путер или масло за печење
шеќер во прав
цимет за посипување

Подготовка:

Секоја кришка леб сплескајте ја со сукало. Распоредете го филот во средината и цврсто свиткајте ги. Посебно изматете ги јајцата, млекото, ванилата и циметот. Потопете ги ролничките во оваа смеса. Ролничките се печат на малку путер на средна температура додека не поруменат од сите страни. Потоа извалкајте ги во мешавина од шеќер и цимет или посипете ги со шеќер во прав.