
Задолжително пробајте го
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо
- 0,5 дл млеко
- 3 лажици масло
- 3 лажици брашно
- Кисела павлака
- сол, зеленчук, бибер по вкус
- презла
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на кришки и малку исчукајте го со чекан за месо, посолете, додадете малку бибер и пропржете го на масло од двете страни додека не порумени.
Истурете го маслото во сад, загрејте го, а потоа додадете го брашното во загреаното масло. Брашното пропржете го кратко додека не порумени. Потоа додадете млеко, посолете малку и убаво измешајте да нема грутчиња. Оставете да зоврие со постојано мешање. Додадете ја павлаката кога ќе биде готово. Тргнете ја тавата или тенџерето од оган и додадете го кремот, па добро измешајте.
Вака приготвениот бешамел сосот прелијте го врз пилешкото, обилно посипете со презла и печете во рерна загреана на 200 степени околу 15-20 минути.