Хороскопот често знае да открие некои доблести, но и некои маани за кои не сме ни свесни, па така астролозите открија кои се трите најиритантни знаци на Зодијакот.
Ќе почнеме од најмалку иритантниот:
- Овен
Тие се гласни, најдобро знаат се, не можете да ги игнорирате во друштвото. Ако тие се во добро расположение – тоа е одлично. Ќе ја подигнат атмосферата во секој тим, но ако им ги „разгорите страстите“ со нешто што не им се допаѓа, тие можат да бидат многу напорни и нема да се двоумат да кажат што мислат, често на штета на другите. Но, нивната најлоша карактеристика, која секому му оди на нерви, е тоа што кога ќе одлучат дека се во право, не се откажуваат додека не ве убедат во својот став.
- Рак
Како најемотивен знак на Зодијакот, Ракот најверојатно ќе заплаче кога ќе се најде на оваа листа, што е токму оној вид на „одвратно“ однесување на кое укажуваат астролозите. Раковите можат да бидат крајно драматични и сакаат сите да знаат точно како се чувствуваат. И не толку ретко ја користат оваа нивна чувствителност за да го добијат тоа што го сакаат. Тие се исклучително грижливи, но од друга страна се и одлични манипулатори. Дури и кога тие згрешиле, толку многу плачат и јавно се каат, што на крајот другите ги тешат нив.
- Јарец
За повеќето ќе биде изненадување што овој хороскопски знак е на листата на најиритантни, бидејќи важат за вредни, прагматични луѓе. Меѓутоа, обидувајќи се да направат сè според правилата, тие ја губат способноста да уживаат во животот. Тие се исклучително амбициозни и имаат тенденција да гледаат со презир кон секој кој не работи толку напорно како тие. Нивните „напади“ на перфекционизам и големите очекувања од себе, но и од луѓето што ги сакаат, понекогаш ги прават неподносливи. Астролозите ги опишуваат како елитисти кои често ги истакнуваат своите достигнувања.