Северина облече пешкир наместо здолниште, има и домат како моден детал: Вели дека аутфитот го спремила за на суд

popara8 февруари, 20254min00
b_250207142

Во низата модни изданија на Северина кои привлекуваат внимание, таа го сподели последното на Инстаграм, а станува збор за комбинација од кошула и пешкир кој го носела како здолниште, за кој вели дека има посебна намена.

Имено, пејачката позираше на загрепскиот пазар облечена во бела кошула, кафени шорцеви и пешкир-здолниште во сива боја. Имала и чанта од крокодилска кожа.

Таа во описот на фотографиите појасни што симболизира овој аутфит: „Доаѓа судската сезона, па подготвив облека за здолниште-пешкир, бидејќи на суд се чувствувам како дома. Крокодилот е таму за да не се опуштам премногу…“.

Таа на фотографиите како моден додаток носеше и домат со чантата.

Ако нејзиното здолниште со пешкир ви изгледа познато, ова парче е продадено од брендот Balenciaga за 925 долари. Баленсијага е позната по необични парчиња кои изгледаат уништени или валкани и кои се продаваат за огромни суми пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Тие понудија и парчиња како пластични кеси за отпадоци или селотејп како модни додатоци.

Кога станува збор за Северина, хрватската пејачка неодамна го привлече вниманието со модните изданија од Малдивите – од костими за капење до лелеави летни фустани.

Уште едно особено впечатливо парче кое го избра за новогодишната ноќ во Сараево, носеше костим од Јурај Зигман, кој го носеа и Бијонсе и некои од најголемите светски ѕвезди.