Зимата е безмилосна за кожата на нашите раце, поради што овие денови тие можат да станат црвени, испукани и груби. Главниот виновник е секако недостатокот на влага, која ја добиваме не само преку исхраната, туку и преку класичната нега на кожата.
Во зима влажноста на воздухот драстично опаѓа, а во затворените простори ситуацијата е уште полоша поради загревањето. Честото миење на рацете за да избегнете настинка или грип дополнително ги отстранува природните масла од вашата кожа. Сето ова може да влијае на вашите раце – тие лесно можат да станат толку суви што пукаат, лупат и крварат.
„Луѓето доаѓаат кај мене со пукнатини на рацете и ми велат дека не разбираат што се случува“, објаснува дерматологот Елен Мармур, авторка на „Simple Skin Beauty: Every Woman’s Guide to a Lifetime of Healthy, Gorgeous Skin“.
– Тоа е едноставно екстремно сува кожа – додава тој, наведувајќи дека веќе е добро што сте почнале подобро да се грижите за себе.
Силен или слаб заштитен слој?
Како вашите раце се справуваат со зимските услови зависи од јачината на заштитната бариера на вашата кожа, вели Чарлс Крачфилд III, професор по дерматологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Минесота.
Заштитната бариера на кожата се состои од протеини, липиди и масла. Ја штити кожата, а нејзиниот квалитет во голема мера го одредува генетиката. Ако имате послаба бариера, повеќе сте склони кон симптоми на чувствителна кожа, како што се чешање, воспаление и егзема, а вашите раце ќе бидат поподложни на сувост во текот на зимата. Ако минатата зима сте имале испукана кожа, поверојатно е тоа да се повтори.
Хидратација, хидратација, хидратација
За лекување на сува и ронлива кожа, треба да ја надополните влагата што очајно и е потребна на вашата кожа. Пиењето вода нема да го реши проблемот, велат експертите, и треба класична нега со креми.
„Навлажнувачот кој се нанесува директно на кожата го спречува испарувањето на водата и ѝ дава на кожата здрав, свеж изглед“, вели дерматологот Ејми Векслер.
Хидратацијата треба да започне пред да се појават првите знаци на сувост.
– Најдобрата превенција е да почнете да користите хидратантна крема пред вашите раце да покажат знаци на сувост – советува Мармур.
Една апликација дневно не е доволна.
Како правилно да ги миете рацете?
Заштитете ги рацете при честото миење со користење благ сапун и млака вода, а веднаш по миењето нанесете хидратантна крема. Ако ги миете рацете повеќе од десетина пати на ден, размислете да користите средство за дезинфекција наместо сапун за некои од тие миења, пишува Webmed.