Секојдневно пиење по три шолји од овој чај може да помогне во спречување на ДЕМЕНЦИЈА

popara17 март, 20251min00
b_250316031

Новото истражување покажа дека луѓето кои редовно консумираат зелен чај имаат помалку мозочни лезии, кои се клучен показател за когнитивно опаѓање и деменција.
Истражувачите побарале од речиси 9.000 возрасни лица да пополнат прашалник за нивните навики за пиење кафе и чај. Отишле и на скенирање на мозокот.

Иако не нашле докази дека внесувањето кафе може да го спречи когнитивното опаѓање, нивните резултати ги наведоа да заклучат дека пиењето зелен чај – три или повеќе шолји дневно – може да помогне да се спречи деменција. Резултатите од истражувањето можете да ги најдете овде.

Зелениот чај е богат со антиоксиданси, особено катехини како епигалокатехин галат, кои имаат антиинфламаторни својства и ги штитат клетките.

Редовното консумирање зелен чај е исто така поврзано со подобрување на здравјето на срцето. Ова значи намалување на нивото на холестерол и намалување на крвниот притисок, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.