На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ја заслепи публиката со своите танцови движења и уживањето во музичкиот настан.
Во видеото што го споделија обожавателите на TikTok, Дион се гледа како танцува, мавта со рацете и ужива во песните, а многумина коментираат дека изгледа како да се забавува повеќе од било кога.
Кога публиката ја забележа на големото платно, следеа низа позитивни реакции и овации, а Селин возврати со насмевка и покажа срце.
Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, не го криеше задоволството од присуството на Селин, а во еден момент и се обрати: „О, Селин моја прекрасна сестро, правиш нашите срца да продолжат и понатаму. Блиску, далеку, ти си вистинска суперѕвезда“.
Дион подоцна сподели неколку фотографии од концертот на својот Инстаграм со емотивна порака дека нејзиното срце се уште пее по таа вечер. И покрај дијагнозата и здравствените борби, Дион покажа слобода, радост и желба да живее на настапот на Coldplay.
За потсетување, Селин во 2022 година откри дека боледува од ретко невролошко нарушување што и го отежнувало одењето и пеењето. Таа јавно објасни како се справува со болки, грчеви, па дури и со скршени ребра.