Се вери најплатениот јутјубер на светот: MrBeast ја запроси девојка му

popara2 јануари, 20254min00
b_250102021

Еден од најпопуларните јутјубери во светот, MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, во средата откри дека неодамна ја запросил својата девојка Теа Бујсен.

Споделувајќи фотографија од моментот, MrBeast напиша: „Да, момчето направи нешто“.

И Бујсен и Доналдсон може да се видат како носат божиќни џемпери со тема MrBeast во видеото што Теа го објави на нејзината страница на Инстаграм каде го покажа својот дијамантски веренички прстен.

Таа за магазинот People откри дека се вериле на Божиќ во друштво на нивните семејства.

“Моето семејство долета од Јужна Африка за Божиќ и планиравме да го поминеме Божиќ во нашата куќа, така што двете семејства беа тука. Ги отворавме подароците, а потоа за последниот подарок тој ме замоли да ги затворам очите бидејќи беше изненадување”, открива таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

Бујсен додаде дека секако рекла „Да“ и дека е исклучително возбудена.

Двојката се запознала преку заеднички пријател во 2022 година во Јужна Африка, од каде што е Бујсен. Истата година, тие ја официјализираа својата врска на црвениот тепих на Nickelodeon Kids Choice Awards.

Доналдсон е популарен Јутјубер, претприемач и продуцент на неговото истоимено натпреварувачко ријалити шоу „Beast Games“. Бујсен исто така создава содржини на YouTube.

MrBeast неодамна го собори рекордот за најследена личност на YouTube, а воедно е и најплатениот Јутјубер во светот. Неговото богатство се проценува на 500 милиони долари. Тој е посветен на хуманитарната работа. Во ноември 2023 година, тој изгради сто бунари во Африка, обезбедувајќи чиста вода за повеќе од половина милион луѓе.