Се омажи Деми Ловато, заблеска во волшебна венчаница на легендарната Вивиен Вествуд

popara26 мај, 20252min00
Demi-Lovato-Is-Marriedand-Shares-the-Story-Behind-Her-Vivienne-Westwood-Wedding-DressLandscape

Американската пејачка и актерка Деми Ловато се омажи за пејачот Џордан Лутс. Таа носеше венчаница на Вивиен Вествуд, а за Вог откри зошто ја одбрала својата креација.

Двојката се запозна во 2022 година додека работеше на нејзиниот албум „Holy Fuck“. Тој ја запроси во декември 2023 година, а се венчаа минатиот викенд во Калифорнија.

“Долго сум обожавател на Вивиен Вествуд. Кога размислував каква венчаница сакам, често се навраќав на нејзините дизајни, поточно како силуетите ги надополнуваат облините на телото, а ми се допаѓа и нејзината употреба на корсети”, рекла Ловато.

Модниот тим Вивиен Вествуд отпатува од Лондон до Лос Анџелес за да ја шие оваа венчаница. Ловато нашла скица на интернет што и се допаднала.

„Не само што можевме да ја искористиме таа почетна инспирација, туку додадовме и детали кои навистина го прават овој фустан посебен за мене“, рече таа.

Особено и се допаднал корсетот. Дизајнот е делумно инспириран од креациите што ги носеле богатите жени во 18 век. По завршувањето на церемонијата, таа се пресоблече во наметка без прерамки, мониста, исто така дизајнирана од Вивиен Вествуд.

“Минстата и драперијата се многу посебен елемент. Секој детал е прикачен рачно, еден по еден. Тоа е уникатно парче облека што ме прави да се чувствувам посебно”, изјавила таа.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)