
Ќе ви треба:
1 кесичка мешавина од зеленчук за руска салата
200 г шунка
5 кисели краставички
малку сол
2 варени јајца
300 г мајонез
Подготовка:
Сварете го зеленчукот од кесичката. Потоа исцедете ја водата и изладете. Додадете ја шунката, краставиците и исечканите јајца. На крај, зачинете со сол, додадете мајонез и добро измешајте. Оставете ја салатата во фрижидер да се олади, а потоа послужете.