Сите го имаме, па што? Од целулитот не се срамат ниту овие познати убавици

popara1 мај, 20252min00
63090570-celulit-imaju-i-najljepse-zene-svijeta

Целулитот ги погодува сите жени во одреден момент од нивниот живот и не треба да биде причина да одбиваме да се соблечеме на плажа. Дури и најубавите жени на светот го имаат, па што?

Целулитот е масно ткиво кое најчесто се акумулира во нозете, бутовите и задникот, а е предизвикано од хормони, стареење, промени во исхраната – па дури и генетика.

Џенифер Лопез е доказ дека дури и дамите кои вежбаат вредно, се хранат здраво и редовно одат на козметички третмани не можат да му „избегнат“. Американската пејачка и актерка не дозволува тоа да ја спречи да ужива во морските активности.

Целулитот не ја спречува Ева Лонгорија да ужива во неограничена забава покрај морето. Таа редовно поминува време на плажите во шпанскиот град Марабеља со своето семејство и ужива во тоа максимално, без да се грижи за целулитот.

Многу познати жени од јавниот живот кои редовно ги красат насловните страници на списанијата, исто така имаат целулит, како што потврдува и нашата фото галерија.