
Бредли Купер присуствуваше на промоцијата на неговиот нов филм „Is This Thing On“, а покрај неговиот секогаш елегантен изглед, присутните не можеа, а да не ги забележат гребнатинките на неговиот нос.
Актерот (50), кој покрај тоа што ја има главната улога, го режира и филмот, имаше гребаница на носот и изгледаше како да доживеал мала несреќа, но не дозволи тоа да го спречи да се забавува и се фотографираше со колешката Лора Дерн со широка насмевка.
Гревнатините не беа единственото нешто што привлече внимание од јавноста. Лицето на Бредли Купер е предмет на многу дискусии во последно време, откако многумина забележаа дека изгледа помлад од вообичаеното. Дали станува збор само за добра нега, некоја козметичка корекција или само заљубеност во Џиџи Хадид, сè уште е непознато.

Во 2017 година, Бредли Купер стана татко на својата ќерка Леа де Сеин, која ја дели со својата поранешна девојка, моделот Ирина Шајк, и како што истакна во интервјуа, нејзиното раѓање целосно му го промени животот.
- Не сум сигурен дека ќе бев жив ако не бев татко – искрено рече Бредли во шоуто „Експерт“ на Дакс Шепард.