Совети за орхидеи после кои ќе цветаат како луди: Веднаш ги враќаат во живот

popara24 март, 20251min00
93459_shutterstock-2164555943_f

Орхидејата е популарно растение кое во затворен простор може да цвета до четири месеци со соодветна грижа. Клучот е да го чувате на место со многу природна светлина, но не на директна сончева светлина.

Наместо традиционално полевање, се препорачува во саксијата да се стават три коцки мраз, но никогаш да не се полеваат со ледена вода бидејќи може да ги шокира корените.

Премногу вода, особено во лето, може да предизвика габични инфекции на коренот. Доколку листовите станат меки и добиваат жолтеникави дамки, потребно е со стерилизиран скалпел да се отсечат заразените делови, а потоа земјата да се посипува со цимет, кој делува како природен фунгицид.

За заштита од болести и инсекти, листовите треба да се бришат еднаш неделно со салфети натопени во мешавина од вода и сок од лимон, што ќе ги зајакне и заштити.