Совршена фризура за 5 минути: Направете неуредна пунџа која ќе ви ја спаси фризурата на лоши денови (ВИДЕО)

popara30 ноември, 20251min00
1274146_shutterstock-2226117843_m

Без разлика дали се подготвувате за кафе со вашите пријатели или ве викнале на состанок, за само неколку чекори ќе имате фризура што изгледа како штотуку да сте излегле од салон.

Секоја жена има денови кога ништо не оди како што треба, дури ни средувањето на косата. Но, дури и тогаш, постои едноставно решение – совршената „неуредна“ пунџа.

За само неколку чекори, можете да имате фризура како во салон. Сè што ви треба е растеглива врвка за коса.

Инфлуенсерката објави на својот профил како да ја создаде оваа пунџа во неколку чекори.

@mo__styles

can you do a messy bun? my go to quick messy bun the past few years 💕 #messybun #bun #hairtutorial #hairstyle #hair

♬ Morning Bossa Nova – Bossa Nova Terrace

За почеток, ставете ја косата во висока опашка. Земете врвка за коса и истегнете ја колку што можете. Протнете го опашот од косата низ ластикот и завиткајте го околу него. Потоа, подигнете ја косата во пунџа и прицврстете ја со ластик.

За уште полежерен изглед, извлечете неколку прамени за да ви паднат слободно на лицето.

Ако сакате фризурата да трае цел ден, можете лесно да ја прицврстите со шноли за коса или лак за коса.