Подигнатите и убаво обликувани веѓи се сè уште голем тренд, а можете да ги постигнете без да одите во салон.
Сè што ви треба е цврст гел за коса и мала четка слична на маскара, или едноставно измијте ја четката од стара маскара која ќе ја фрлите.
Прво, исчешлајте ги веѓите нагоре и нанесете гел за коса, а потоа почекајте делумно да се исуши. Потоа обликувајте ги со сува четка. Ако има празнини, пополнете ги со тенок молив.
Доколку сакате, можете малку да ги исчешлате веѓите настрана за поприроден ефект. Овој трик ќе ја направи вашата шминка поуредна, а вашиот изглед поизразен.
