СОЛЕНИ СТАПЧИЊА СО ШУНКА И СИРЕЊЕ: Предјадење кое сите го сакаат, а не бара многу труд

popara9 мај, 20251min00
122377_screenshot-150_f

Неопходно е:

250 мл јогурт
1 прашок за пециво
2 јајца
1 лажичка сол
400 гр брашно
100 гр шунка
100 гр сирење
малку свеж магдонос
масло

Подготовка:

Во поголем сад измешајте јогурт, јајца, сол. Потоа додадете ги кашкавалот, шунката и магдоносот, па измешајте го брашното измешано со прашокот за пециво и замесете тесто. Потоа расукајте го на набрашнета површина до дебелина од околу 1 см. Стапчињата исечкајте ги и на средна температура пропржете ги во масло. Оставете ги на салфета да се исцеди вишокот маснотии.