
Ема Хеминг Вилис, сопруга на познатиот актер Брус Вилис, отворено проговори за тоа како нивните две ќерки се справуваат со тешката дијагноза на деменција на Брус.
Во интервју за ABC News, Ема рече дека Брус се преселил во посебен дом, прилагоден на неговите потреби, одвоен од нивните деца – 13-годишната Мејбл и 11-годишната Евелин. Оваа одлука, рече таа, била една од најтешките што морале да ги донесат како семејство, но верува дека била правилна.
„Она низ што минуваат децата не е лесно. Тие тагуваат и многу им недостига нивниот татко. Тој не е тука за важните моменти во нивните животи, што е особено тешко за нив. Не сакав луѓето да не разберат низ што минуваме, но тие сè уште се борат и учат, исто како мене“, изјави Ема за Vogue Australia.
Ема, исто така, отворено зборуваше за своите емоции откако Брус беше дијагностициран: „Морав да научам да живеам со тагата што ме придружува секој ден. Не можам да се ослободам од неа, но решив дека нема да дозволам таа тага целосно да ме совлада. Ќе ги почувствувам сите емоции, но нема да дозволам тие да ме дефинираат.“
Моментално, Брус Вилис живее во едносемејна куќа каде што добива постојана медицинска нега. Ема нагласи колку е важно да се одржи врската со него: „Кога сме таму, или кога сме заедно надвор, или гледаме филмови, фокусот е на тоа да бидеме заедно и да се поврзуваме. Тоа е место полно со љубов, топлина и смеа. Прекрасно е да се види колку многу пријатели на Брус продолжуваат да доаѓаат и да му носат радост во животот.“