Потребно е:
150 гр гриз
125 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
150 гр шеќер
3 јајца
120 мл јогурт
120 мл масло
1 лажичка кора од портокал
1 лажичка екстракт од ванила
За сирупот:
120 ml сок од портокал
1 лажичка сок од лимон
240 ml вода
200 гр шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Скршете ги јајцата во сад, а потоа додадете сол, кора од портокал и шеќер. Се мати со миксер 3-4 минути. Додадете го маслото и матете една минута. Потоа истурете го јогуртот и блендирајте една минута. Просејте ги брашното и прашокот за пециво, а потоа додадете ја содата бикарбона. Додадете гриз и екстракт од ванила и убаво измешајте со шпатула. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете 30 до 35 минути во рерна загреана на 170 степени. Оставете го колачот да се излади. Во сад истурете вода, сок од портокал, лимонов и шеќер. Промешајте со шпатула, па оставете да зоврие на тивок оган. Изладениот колач избоцкајте го со чепкалка за заби, па прелијте го со сирупот. Уживајте!