Потребно е:
1 кг спанаќ
половина литар млеко
сол
лук
1 лажица брашно
1 лажица масло
Подготовка:
Отстранете ги стеблата од спанаќот и измијте го со многу вода. Гответе го околу 5 минути во тенџере со зовриена, посолена вода. На маснотии се пропржува брашното, па се додава сечканиот спанаќ и полека се прелива млекото. Откако ќе зоврие, посолете и изрендајте две чешниња лук.