„Спасуваше други пред да заминеш“: Калиопи и колегите се простија од Андреј од ДНК

popara16 март, 20254min00
kaliopi-bukle-i-andrej-gjorgjieski-830x553

И Калиопи потресно се расплака за Андреј, член на бендот ДНК, кој трагично загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.

Во пожарот загинаа пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Горѓи Георгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и придружниот вокал Сара Пројковска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски со емотивни зборови се прости од Андреј:

– Се видовме пред неколку дена, поразговаравме убаво. Многу јасно му кажав дека ми остава посебен впечаток како човек, баш се посрами и се насмеа.
Кога прочитав сабајлево дека го нема, на братми му кажав дека сигурно останал да спасува деца. И така би ! Тој излегол и се вратил назад во пеколот. Јунак !
Господ да е со тебе и твојата душа Андреј, и со душите на сите млади страдалници. Господ да е со вашите најблиски, оваа трагедија е со несогледлива последица.

42-годишниот музичар настапувал со колегата Панчо кога избувнал пожарот.

Додека сестра му на Панчо сподели дека тој е во болница со изгореници, Андреј не ја преживеал трагедијата.

Голем број музичари од регионот исто така се збогуваа со колегите од бендот, меѓу кои и Каролина Гочева, Антонија Гиговска, Таско, Бока Конга и други, додека пак Здравко Чолиќ ги откажа концертите закажани за оваа недела.