Да ја одржувате вашата коса здрава не значи само користење квалитетен шампон и регенератор и нанесување маска еднаш неделно. Фризерите објаснија кои навики ја уништуваат нашата коса, а ние не ни сфаќаме дека ги правиме.
Косата е слаба и кршлива кога е мокра, па затоа не е добра идеја да спиете со таква. Можете да ги уништите врвовите, вели Тед Гибсон, фризер.
“Триењето на влажна коса на чаршафите во текот на ноќта може да ги оштети врвовите, правејќи ги груби и суви. Задолжително исушете ја косата пред спиење”, рекол Тед, а уште една лоша навика спомената е постојаното врзување на косата.
„Ако носите пунџа или опавче дење и ноќе, особено додека спиете, косата многу ќе ви пука“, вели Кајли Хит. Спиењето со пуштена коса или дури и со плетенки е најдобро за вашата коса.
Ако одлучите да ја врзете косата, не користете еластични ленти. Се препорачуваат ластичиња кои се меки со ткаенина, а популарното име за нив е ‘scrunchie’.
Прескокнувањето на чешлањето на косата не е добра навика. Вашиот скалп произведува природни масла, а со нивно чешлање ги пренесувате на остатокот од вашата коса. „Кога ги нанесувате овие масла на вашата коса, всушност ја правите вашата коса да расте побрзо“, вели Гибсон.
Освен мокра коса и врзана во реп, лошо е и да заспиете со лак за коса. „Лакот за коса ја суши косата, но ако немате време да ја измиете и исушите косата пред спиење, отстранете ги сите штипки и ластици, нанесете малку сув регенератор на косата, исчешлајте ја и пуштете ја косата, па измијте ја следниот ден“, советува Хит.